Едвардс потврди: Ако го победам Масвидал, ќе се борам за титулата

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија Леон Едвардс изјави дека неговата организација гарантирала борба за шампионска титула доколку го победи Хорхе Масвидал.

Едвардс и Масвидал ќе се борат на 11 декември на УФЦ 269. Очекуваниот меч е кулминација на нивната расправија која започнува по судирот зад сцената на УФЦ Фајт најт во Лондон во 2019 година.

И покрај предисторијата, Едвардс го прифати мечот со Масвидал поради ветувањето дадено од УФЦ – борба за титулата.

„Дојдоа кај мене со добра понуда за хонорар, па решив да го направам овој меч пред борбата за титулата. Шампионската борба е дел од зделката. Им реков дека ако се борам со него, тогаш сакам да се борам за титулата. И тие се согласија.

Верувам дека ќе победам и ќе се борам за титулата. Нема друг начин да ме изместите. Фокусиран сум на она што претстои. Масвидал ме чека во декември. Ќе го отстранам. Ја посакував оваа битка долго време. Едвај чекам да влезам во кафезот и да му ја затворам устата“, рече Едвардс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON