Едвардс му го повреди окото на Мухамед, судијата ја прекина борбата: Срцето ми е скршено!

Леон Еондвардс (18-3, 1НЦ) не се бореше скоро две години и едвај го преживеа мечот против Белал Мухамед (18-3, 1НЦ). Но, главната борба на УФЦ Фајт најт 187 одржан во Лас Вегас беше прекината на почетокот на втората рунда.

Имено, британскиот борец случајно ги заглави прстите во десното око на Белал, кое веднаш започна да крвари. Палестинецот падна од болка и побара лекарска помош.

Откако лекарот го прегледа окото на Мухамед, судијата Херб Дин ја прекина борбата. Судирот заврши по 18 секунди од втората рунда.

„Не сакав да го сторам тоа“, рече Едвардс и додаде.

„Пријдов да го удрам, но тоа се случи. Навистина му се извинувам. Моето срце е скршено“.

Иге Ден со одличен финиш го победи Гевин Такер. Го нокаутира противникот за 22 секунди и со тоа стигна до 15 победи во кариерата.

Во борбата за титулата, Рајан Спан (19-6) го победи Миша Циркунов (16-5) во првата рунда со технички нокаут.

Резултати од УФЦ Фајт најт 187:
Леон Едвардс – Белал Мухамед – без одлука (повреда на окото), Р2 (0:18)
Рајан Спан – Миша Циркунов – ТКО, Р1 (1:11)
Ден Иге – Гевин Такер – КО, Р1 (0:22)
Дејви Грант – Џонатан Мартинез – КО, Р2 (3:03)
Матеус Николау – Манел Капе – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Ерик Андерс – Дарен Стјуарт – без одлука (недозволено колено) Р1 (4:37)

Воведни борби:
Ангела Хил – Ешли Јодер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Чарл Џодејн – Марсело Рохо – ТКО, Р3 (4:31)
Рани Јаја – Реј Родригез – ЗАВР (задушување со рачен триаголникот), Р2 (3:09)
Насрат Хакпараст – Рафа Гарсија – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28),
Џеј Џеј Олдрич – Кортни Кејси – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Жинх Ју Фреј – Глорија де Пола – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Метју Семелсбергер – Џејсон Вит – КО, Р1 (0:16)


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО