Едвардс го совлада Ковингтон и го одбрани појасот, Пантоја доминираше против Ројвал

Леон Едвардс со одлична тактика ја извојува 12-та победа во кариерата и вторпат го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во полусредна категорија.

Англискиот ММА борец доминираше за време на главната борба на настанот УФЦ 296 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас и со едногласна одлука го победи Колби Ковингтон.

Едвардс имаше одлична контрола во првите две рунди во кои имаше двојно повеќе точни удари од Ковингтон, кој беше премногу резервиран.

Третата рунда понуди малку повеќе акција и двајцата имаа по едно соборување, но не правеа ништо на партер.

Тие ја завршија рундата на нозе, а Леон продолжи со истата тактика, удирајќи со ниски удари во десната нога на Колби.

Ковингтон се обиде да го собори Едвардс и во четвртата рунда, но не можеше да му наштети на шампионот. Леон знаеше како повторно да се извлече од тоа.

А последната рунда понуди возбудувања во кои Колби повторно дојде до нокдаун и бараше шанса да го заврши мечот.

Во еден момент Леон се обиде да го задуши противникот, но Колби се извлече.

Едвардс брилијантно се бранеше во последните две минути и го одбрани шампионскиот појас.

Александре Пантоја беше успешен во првата одбрана на титулата во мува категорија.

По пет исцрпувачки рунди бразилскиот борец со едногласна одлука го победи Американецот Брендон Ројвал.

За Пантоја тоа беше 26-та победа во кариерата и четврта во низа што ја постигна со одлична тактика.

Уште од првиот звук на сирената ја контролираше борбата и во секоја рунда го соборуваше противникот.

На почетокот на петтата рунда и двајцата борци разменија најмногу удари во текот на целиот меч, но на половина пат Пантоја повторно го собори Ројвал и со одлична техника го задржа на партер.

Казахстанецот Шавкат Рахмонов ја продолжи успешната серија. Непоразениот Номад убедливо стигна до 18-та победа, петта во УФЦ.

Рахмонов го победи Стивен Томпсон со гушење пред крајот на втората рунда.

Казахстанскиот борец доминираше од самиот почеток и ја контролираше борбата. Постојано напаѓаше и од далечина му нанесуваше штета на Томпсон, кој немаше одговор.

Неколку пати Шавкат се обиде да го заврши Стивен, но американскиот борец успеа да се извлече.

Рахмонов пред крајот на рундата со гушење од позади го принуди Томпсон да се предаде.

Педи Пимблет ја забележа петтата победа во најголемата светска ММА организација. Англичанецот со едногласна одлука го победи Тони Фергусон во неговата најголема борба во кариерата.

Тоа е седми пораз во низа за легендарниот Ел Кукуј, а можеби дојде моментот кога треба да размислува за пензија.

Талентираниот Бади се врати во октагонот по една година пауза поради тешката повреда на десниот зглоб.

Главната програма на настанот ја отвори бруталниот нокаут на Џош Емет, кој на крајот од втората минута го заврши Брајс Мичел.

По краток тест на силите Емет ја искористи шансата и брилијантно го собори Мичел со десно кроше. Тоа беше крајот.

Резултати од настанот УФЦ 296:

Леон Едвардс (в) – Колби Ковингтон – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–46)
Александре Пантоја (в) – Брендон Ројвал – едногласна одлука (50–45, 50–45, 49–46)
Шавкат Рахмонов – Стивен Томпсон – завршница (гушење од позади), Р2 (4:56)
Педи Пимблет – Тони Фергусон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Џош Емет – Брајс Мичел – КО (удар), Р1(1:57)

Воведни борби:
Алонзо Менифилд – Дастин Џејкоби – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Ирина Алдана – Карол Роса – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Коди Гарбрант – Брајан Келехер – КО (удар), Р1 (3:42)
Аријане Липски – Кејси О’Нил – завршница (армбар), Р2 (1:18)
Тагир Уланбеков – Коди Дурден – завршница (фајс карнк), Р2 (4:25)
Андре Фили – Лукас Алмеида – ТКО (тупаници), Р1 (3:32)
Шамил Газиев – Мартин Будај – ТКО (тупаници), Р2 (0:56).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО