Едвардс ги загуби нервите и го удри Ковингтон со шише (ВИДЕО)

Леон Едвардс ги загуби нервите за време на прес-конференцијата пред борбата со Колби Ковингтон во Лас Вегас. Шампионот го удри противникот со шише.

Предизвикувачот кажа нешто за семејството на Британецот, а тоа предизвика бурни реакции кај него.

Обезбедувањето брзо интервенираше за да се спречат посериозни последици, а потоа на соочувањето мораше постојано да се држи безбедно растојание меѓу нив.

Нешто подоцна денеска го очекуваме официјалното мерење, а ноќта меѓу 16 и 17 декември во 06:00 часот по македонско време, овие двајца ќе ги одмерат силите на последната УФЦ гала во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО