Клубот за бразилско џиу џицу „Карлос Маја“ од Скопје освои четири медали – еден златен и три бронзени на Меѓународниот турнир „Берлин интернешнл опен ИБЏЏФ“ во организација на IBJJF Jiu-Jitsu Championship.
Нашиот тим имаше скор 4 од 4, односно четиримината натпреварувачи освоија четири медали.
Марјан Зиков (бел појас) освои златен медал, а Мартин Михајлов (виолетов појас), Владимир Величков (виолетов појас) и Милош Чарапиќ (бел појас) освоија бронзени медали.
На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од повеќе од 25 земји.
Ipon.mk/В.Д.