Мајк Тајсон и Рој Џонс Jуниор. ќе одработат меч чии правила ќе бидат прилагодени на нивната возраст.
Еден од најголемите удирачи на сите времиња против еден од најдобрите техничари во историјата на боксот. Вака изгледа овој дуел на хартија, иако тие се боксери во шестата деценија, за кои е јасно дека не можат да ги постигнат настапите од деновите во кои ја стекнаа својата популарност и углед. Но, едно парче информации што се наоѓаат во досега откриените правила ќе ги разочара сите фанови.
На 12 септември во рингот повторно ќе го видиме легендарниот Мајк Тајсон. Неодамна беше потврдено дека Челичниот Мајк ќе боксира во егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор. Бидејќи се работи за двајца пензионирани боксери, на овој меч ќе има посебни правила кои ги промовираше првиот човек на Спортската комисија на Калифорнија, Енди Фостер.
„Судија нема да има. На двајцата боксери им соопштив дека ако има расекотина, мечот автоматски ќе биде прекинат. Бидејќи нема да има судија, мечот автоматски ќе заврши без победник, секако освен ако има нокаут или некој боксер не може да продолжи“, откри Фостер.
Според планот, борбата ќе биде во осум рунди, а се очекува да има голем број на купување на преносот и затоа заработката ќе биде голема.
На крајот се чини дека снимките на Мајк од салата, каде што жестоко и силно ги „казнуваат“ фокусрите, всушност се само многу добар маркетинг. Очигледно, во рингот нема да видиме нешто слично со изданија со кои Железниот Мајк се пролсави.
https://www.instagram.com/p/CC_l3y4l43-/?utm_source=ig_embed