Една графика покажува колку е импресивна ММА кариерата на Кро Кап, погледнете во што се е најуспешен на сите времиња!

Само две недели откако му се реваншираше на Рој Нелсон, Мирко Филиповиќ ги шокираше јавноста и навивачите кога откри дека имал мозочен удар минатиот понеделник. Вчера Кро Кап излезе од болница, а среќа во несреќа што последиците од ударот не се толку сериозни како што честопати знаат да бидат во такви случаи.

Овој пат Мирко повеќе нема да ризикува и донесе одлука за пензионирање бидејќи, како што вели самиот, „кога мозокот е во  прашање, тоа не е шега“.

Филиповиќ веќе нема да влегува во ринг, бидејќи секој удар во главата би можел да биде кобен. Легендарниот борец се уште има намера да тренира, но без контакт, а по наредба на лекарите и следните три месеца ќе зема лекови.

Бројни светски медиуми се распишуваа за заминувањето на Кро Кап, а му пристигнаа пораки од поедини борци. Многумина во прв план истакнуваат дека 44-годишната икона заминува со рекордна низа од 10 победи, а уште неколку интересни статистички податоци изнесе екипата од познатиот портал за боречки вештини MMAJunkie.

Преглед на ММА кариерата на Кро Кап:

10 последователни победи пред пензионирање.

21 победа со прекин кога би се гледале УФЦ, Прајд, ВЕЦ и Страјкфорс борбите, што е многу повеќе од којбило друг борец.

18 нокаути кога би се гледале УФЦ, Прајд, ВЕЦ и Страјкфорс борбите (втор на сите времиња)

8 нокаути со удари со нога кога би се гледале УФЦ, Прајд, ВЕЦ и Страјкфорс борбите (најмногу на сите времиња)

и за крај:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО