Еди Шерифовски (-81 кг) nа Европското првенство во џудо за млади сениори до 23 години во Потсдам, Германија, ги одмери силите со Берд Фашинг од Австрија и загуби со два вазарија.
Шерифовски не доби шанса во репсаж, бидејќи противникот не се пласира во финале.
На ЕП настапуваат 37 земји и 315 натпреварувачи.