Еди Херн верува дека Џошуа може да ги победи и Вајлдер и Фјури и повторно да стане светски шампион

Поранешниот светски шампион во бокс Ентони Џошуа се надева дека ќе се врати на врвот во тешка категорија по трите победи минатата година.

Првата пречка на Британецот во новата година (8 март) ќе биде камерунскиот удирач Френсис Нгану, кој импресионираше пред неколку месеци во боксерското деби против Тајсон Фјури.

Поранешниот шампион на УФЦ имаше одличен настап и му зададе многу маки на Кралот на Ромите. Непоразениот Фјури на крајот победи со поделена одлука.

И промоторот на Џошуа, Еди Херн, смета дека Еј Џеј ќе влезе во мечот многу посериозно од неговиот сонародник, а триумфот против Камерунецот ќе биде поубедлив.

„Џошуа еден ден ќе стане апсолутен шампион во тешка категорија. Реков дека ќе го победи Валин, а ќе ги победи и Вајлдер и Фјури“, нагласи Еди Херн и подвлече:

„Прво треба да го победи Нгану, а ако тоа го направи со стил како што го победи Валин, тогаш сите ќе бараат меч против Фјури. Џошуа на тој начин ќе ги уништи двајцата борци против кои се бореше Фјури. Многумина можеби ќе почнат да веруваат дека Џошуа може да го победи Фјури“.

Ентони Џошуа го победи Ото Валин со прекин по петтата рунда пред неколку недели на настанот во Ријад.

Во септември 2019 година, Швеѓанецот боксираше против Џипси Кинг и по 12 исцрпувачки рунди загуби со одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО