Еди Херн подготува грандиозна тешкашка вечер на 20 април во Лондон (ВИДЕО)

Британскиот промотор Еди Херн од Мечрум боксинг планира на 20 април во 02 Арена во Лондон да одржи грандиозна боксерска гала-вечер на која ќе учествуваат некои од најдобрите боксери во тешка категорија.

„Би сакал да организирам голема бокс-гала-вечер  во тешка категорија за да има 4 или 5 борби. Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните во следните неколку дена“, рече Еди Херн за Боксинг сошал.

Настанот ќе ја предводи борбата Британецот Дилиен Вајт (25-1, 18 КО). Негов ривал ќе биде некој од Кубинецот Луис Ортиз (30-1, 26 КО), Русинот Александар Поветкин (34-2, 24 КО) или Американецот Доминик Бризил (20-1, 18 КО).

Вајт сака да се бори со Бризил, кој го прифати неговиот предизвик.

Херн планира меч и меѓу поранешниот светски шампион од Нов Зеланд Џозеф Паркер (25-2, 19 КО) и Дерек Чисора (29-9, 21 КО).

Најверојатно средба ќе одржат и Британецот Дејвид Ален (16-4-2, 13) и поранешниот шампион Лукас Браун (27-1, 24 КО) од Австралија.

Промоторот размислува на настанот да вклучи уште еден судир меѓу Американецот Мајкл Хантер (16-1, 11 КО) и Камерунецот Карлос Такам (36-5-1, 28 КО).

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON