Промоторот на Ентони Џошуа Еди Херн вели дека наскоро ќе започнат преговори со Кубрат Пулев и Александар Усик, за да се одреди следниот ривал на Британецот кој завчера си ги врати ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите во реваншот со Енди Руиз. Пулев е задолжителен предизвикувач за титулата на ИБФ, додека Усик е предизвикувач за титулата на ВБО. Бугаринот инсистира на тоа дека тој е првиот во редот и дека Херн навести такво нешто.
„Првиот задолжителен предизвикувач стана Кубрат Пулев. Тој се пензионираше и тогаш Ентони се бореше со Карлос Такам. Задолжителен кандидат на ВБО беше Александар Поветкин. Тогаш никој не сакаше да се бори со него, но Ентони излезе и го победи. Сега Пулев е предизвикувач на ИБФ, а Усик на ВБО. Ќе имаме разговори со двете организации за да се разбереме кој ќе биде првиот предизвикувач на Џошуа. Тогаш по Божиќ почнуваме да работиме за следниот меч на Ентони”, изјави Еди Херн.