Боксерскиот промотор Еди Херн истакнува дека Тајсон Фјури добро знае каков противник е Александр Усик и колку би бил тежок мечот со Украинецот за него.
Во текот на преговорите тој не сакаше да попушти пред своите барања и постојано бараше нешто ново.
Така, на некој начин го уценуваше Усик и го принуди да се повлече од преговорите за мечот за апсолутен шампион во тешка категорија. Така се случи на крајот.
Херн смета дека Фјури знаел колку тој меч не му одговара во однос на борбениот стил, бидејќи, Усик освен што би бил добар и прецизен удирач, би бил пребрз за него.
Со снајперските истрели на Усик, Фјури би бил лесен плен за него.
Фјури тврдоглаво остана на барањето да нема клаузула за реванш во договорот.
Но, тој договори меч со носителот на три појаси (ИБФ, ВБА и ВБО) и беше категоричен, третирајќи го Усик како задолжителен предизвикувач, а не како единствен шампион.
Очекувано, љубителите на боксот се лути на Фјури, кој со својата преговарачка тактика некако саботираше голема борба.
Фјури на тој начин ги спречи разговорите со Ентони Џошуа во декември, и реши да се пресмета со 39-годишниот Дерек Чисора.
„На крајот на краиштата, ако Тајсон Фјури сакаше да стане апсолутен шампион и ако навистина веруваше дека Усик е лесна борба, како што рече, тогаш би го прифатил тој меч, без сомнение“, изјави Еди Херн во разговор со Ариел Хелвани и додаде:
„Но, тој знае колку е добар Александар Усик и беше подготвен да го направи тоа по свои услови“.
Сега Фјури се наоѓа во тешка позиција, бидејќи многу од неговите потенцијални ривали се наредени борби. По неуспешните преговори со Усик, шампионот на ВБЦ може долго да чека за да се врати во рингот.
И кој би можел да биде следниот противник на Тајсон. Џошуа го прозва непоразениот шампион по неговата победа против Џермејн Френклин, но Еј Џеј сега се очекува налето да се бори со Дилиен Вајт.
По победата против Чисора, Фјури го спомена Џо Џојс како можна замена доколку не договори меч со Усик. Сепак, Џојс ќе биде противник на Жилеи Жанг.
Од неодамна се зборува за можна четврта борба против Дионтеј Вајлдер, но кој знае дали Кралот на Ромите ќе биде заинтересиран за тој меч.
Фјури има можна борба и против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, за што се зборува долго време.