Еди Херн објасни зошто Канело Алварез би бил заинтересиран за борба против Џејк Пол

Популарниот јутјубер Џејк Пол често ја прозива мексиканската боксерска мегаѕвезда и апсолутен шампион во суперсредна категорија Канело Алварез.

Така беше и пред неколку дена откако на голем настан во Далас со едногласна одлука на судиите го претепа 30 години постариот Мајк Тајсон.

Проблематичното дете често е критикувано затоа што избира противници со мало искуство во боксот за неговите борби, вклучително и некои поранешни борци на УФЦ.

Но, тоа би можело да се промени доколку договори борба против „паунд фор паунд“ ѕвезда!

Промоторот Еди Херн верува дека би можело да дојде до тепачка меѓу Пол и Алварез и објасни зошто Мексиканецот би се согласил на мечот.

„Не би ме чудело Канело да ја договори таа борба, бидејќи го интересираат само парите. Тоа би било многу лесна борба за него. Но, секоја чест за Џејк што го искористи секој момент за да го прозива. Признавам, функционира многу паметно“, изјави Еди Херн и додава:

„Џејк Пол се бореше само против еден вистински борец, Томи Фјури, и тој меч го загуби. На сите останати средби тој не беше во опасност, освен во првите 20 секунди против Мајк Тајсон. Но, Пол знае дека неговата приказна завршува со Канело Алварез, се друго е фантазија. А дали Канело ќе го прифати тој предизвик? Можеби, ако заработката е астрономска“.

Алварез последен пат се бореше во септември кога лесно ги одбрани титулите на ВБА, ВБЦ и ВБО во суперсредна категорија против Едгар Берланга во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО