Еди Херн: Немам план Б, ако пропадне мечот со Фјури

Еди Херн дава се од себе за успешно да ги заврши разговорите со саудиските инвеститори за финансирање на обединувачката борба за титулата во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, закажана за крајот на јули или почетокот на август. Промоторот на Џошуа призна дека нема алтернатива за неговиот боксер доколку пропаднат преговорите.

„Немам план Б, но јас сум личност која секогаш сака да има план Б. Но, сега ставив сè на една карта“, рече Херн, истакнувајќи дека останува оптимист.

„Никогаш не ми се случило меч во кој преговорите се напреднати да пропаднат“, изјави шефот на промо-организацијата Мечрум бокс.

Според неофицијални податоци, Саудиска Арабија е подготвена да плати 150 милиони долари за Фјури и Џошуа. Парите меѓу шампионите ќе бидат поделени подеднакво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON