Еди Херн најави дека следен противник на Џошуа ќе биде Фјури или Вајлдер

Познатиот боксерски промотер Еди Херн пред неколку месеци најави дека Ентони Џошуа ќе има најмалку три борби оваа година во тешка категорија, но Британецот се повреди на мечот против Џермејн Френклин, а планираниот дуел за лето беше откажан.

Се очекуваше Еј Џеј да бара борба против Дилиeн Вајт летово, а некои потајно се надеваа на борба против Тајсон Фјури

Но, Ентони неодамна на својот Инстаграм откри дека ќе се врати во рингот дури на крајот на годината:

„Мојата следна борба е во декември. Не е идеално, но сето тоа е дел од мозаикот“.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, во својата последна изјава објави дека следен противник на Еј Џеј ќе биде Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер.

„Ентони Џошуа е за голем меч. Во декември одиме на Блискиот Исток, а противник ќе му биде Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер. Следната недела ќе зборуваме за следната борба на Џошуа“, изјави Еди Херн и продолжи:

„Сакаме мега-борба на крајот на годината. Не знам дали Ентони се уште размислува да се бори во јули, но верувам дека ќе остане на својата одлука да се врати дури во декември. Тој би сакал да биде порано, но сега треба да почне да се подготвува. Мислам дека декември останува и сакаме да водиме голема борба за тогаш. Сè друго би било ризично“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON