Еди Херн најави дека Џошуа може да има три борби оваа година: Сака и меч против Вајлдер

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа (33) ги загуби последните два меча, Aлександaр Усик двата пати беше подобар од него.

Непоразениот Украинец го победи Џошуа во Лондон во септември 2021 година и ги освои шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, а тоа го повтори минатата година во август на настан во Џеда, Саудиска Арабија.

По последниот пораз британскиот боксер доби шанса да се бори со Тајсон Фјури, но тој меч не беше договорен.

Кралот на Ромите се бореше со Дерек Чисора на почетокот на декември и со победа ја одбрани титулата во ВБЦ.

Џошуа во последните недели бара нов тренер и составува тим кој ќе го поддржи во кариерата. Неговиот промотор Еди Херн го најавува претстојното враќање на Џошуа во рингот.

„Ентони сака да се врати против некој од Топ 15, а потоа би можел да се бори во текот на летото со Дилиен Вајт. Тогаш би било време за голем меч против Дионтеј Вајлдер“, изјави Еди Херн и продолжи:

„Сакаме заедно да се вратиме на врвот и тој по трет пат во кариерата да стане светски шампион. Звучи одлично кога зборуваме за борбата со Вајлдер преку Твитер. Но, мора да имаме план сето тоа да го направиме добро“.

Многумина сметаат дека Ентони Џошуа треба да почне да боксира против полесен противник за да си ја врати самодовербата по двата болни порази.

Ако Херн се држи до планот, тогаш би следеле натпреварите против Вајт и Вајлдер.

А кој би можел да биде првиот противник на Џошуа?

„Имаме тројца, четворица кандидати. Џошуа е нетрпелив и сака да ги започне подготовките, тренинг кампот започнува веќе оваа недела. Ми се чини дека во овој момент би прифатил борба против кој било, не сака да избира противник. Главната цел е Џошуа да има три борби оваа година“, потенцира Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON