Андреј Арловски се борел со бегалците во Лондон

Андреј Арловски откри дека се степал со бегалци во Лондон.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија нокаутираше тројца на новогодишната ноќ. Причината за тепачката е непозната, но Арловски тешко дека ќе се тепа без сериозна причина.

„Имав нормална Нова година, иако овде во Лондон имаше конфликт со бегалците. Не сакав да се карам, но морав да му покажам на син ми дека овие работи се случуваат.

Всушност, човекот не бил сам – биле тројца. Но, јас не би го нарекол момче или маж затоа што удрил жена.

Сине, мислиш дека ја добив борбата?“, напиша Арловски на социјалните мрежи.

Синот на белорускиот борец одговори:

„Да, едниот избега, другиот имаше крв на лицето. Кога дојдоа полицајците, видов дека лицето и рацете му беа облеани во крв. Така да, татко ми ја доби битката“, сподели синот на Андреј.

Арловски додаде дека по тепачката имал неколку модринки, а рацете му биле малку отечени.

43-годишниот борец последен пат влезе во октагонот во октомври 2022 година. Тој загуби од Бразилецот Маркос де Лима во првата рунда на настанот на УФЦ што се одржа во Лас Вегас. Овој пораз ја прекина неговата серија од 4 последователни победи.

Андреј има скор од 34-21-2 во ММА. За точно еден месец Андреј ќе наполни 44 години, но и покрај ова не планира да престане со ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО