Хабиб воодушевен од заедничкиот настан на Белатор и Ризин

На последниот ден од 2022 година во Јапонија се одржа голем боречки настан на кој се натпреваруваа борци од Белатор и Ризин.

Поуспешни беа борците на Белатор со пет победи.

Настанот привлече големо внимание, а поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов не го криеше воодушевувањето.

Дагестанецот минатата година ја донесе својата организација за боречки вештини Игл ФЦC во САД, а сега може да се прошири и на јапонскиот пазар.

„Хабиб не беше во Јапонија кога овде се одржуваа врвни настани. Во овој спорт и К1 сум од 1999 година и ги гледав сите тие големи натпревари, како и оние во Прајд. А Хабиб не го виде тоа, ниту продукцијата, ниту фановите, а сега се возбуди“, забележа претседателот на Белатор, Скот Кокер и додаде:

„Постојано ми кажува колку е тоа неверојатно и не знаел дека такво нешто се одржува во Јапонија. Му објаснив дека тука почна се, ММА и боречките вештини. Во еден момент во Јапонија ги имаа најдобрите борци во светот, а продукцијата и промоцијата беа врвни. Затоа ги купи УФЦ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО