Еди Херн: Мечот Џошуа – Кличко се уште не е „испеглан“

dzosua-i-hern

Водечкиот британски и светски професионален бокс промотор, Еди Херн, ги негираше гласините дека натпреварот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко веќе е факт.

Пред два дена Дејвид Хеј напиша на Твитер дека средбата ќе се одржи на 10 декември.
„Го видов неговиот Твитер. Договорот се уште не е завршен 100 отсто. Многу сме блиску и имаме огромни надежи. Лесно е да се каже дека се е договорено, но фактите се дека сеуште не е“, изјави Херн.
Најсериозниот дел од преговорите се однесува на плаќањето на боксерите. Владимир Кличко сака еднаков процент, иако реално тој не е шампион. Според правилата на Меѓународната боксерска федерација, Џошуа треба да земе 75 проценти од целиот хонорар за средбата наспроти 25 отсто за предизвикувачот, кој во случајот е Кличко. Слична распределба важи и при официјално наддавање. Ситуацита кај индивидуалните преговори меѓу претставниците на двајцата боксери е сосема поинаква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON