Еди Херн истакнува дека во следната борба Усик повеќе нема да биде сопственик на шампионскиот појас на ИБФ

Со неговата неодамнешна победа над Тајсон Фјури, Украинецот Aлександaр Усик стана првиот неприкосновен боксерски шампион во ерата на четири појаси во тешка категорија.

ИБФ претходно соопшти дека на победникот од тој меч ќе му биде одземена титулата доколку се договори реванш, но засега нема информации.

Но, она што е сигурно е дека Хрватот Филип Хрговиќ како задолжителен предизвикувач на ИБФ ќе боксира на 1 јуни на настан во Ријад против Британецот Даниел Дубоа.

Веројатно нема да биде борба за светска титула, но победникот од тој меч би можел да се бори со поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа на Вембли во септември.

Промоторот Еди Херн објаснува дека победата на Усик можеби предизвикала компликации со појасот, но додава дека Еј Џеј би можел да се бори за титулата во ИБФ против победникот од мечот Хрговиќ-Дубоа.

„Сè се случи пребрзо. Не сум сигурен дека ИБФ ќе донесе одлука оваа недела, особено сега кога победи Усик. Имено, доколку Фјури победеше, тогаш Френк Ворен ќе дојдеше кај Тајсон и ќе речеше: ‘ќе мора да се откажеш од тој појас, нека се борат овие момци за него’. Таков разговор треба да биде со Усик и Красјук, а тоа нема да се случи толку брзо“, рече Еди Херн и додаде:

„Она што е сигурно, во следната борба Усик повеќе нема да биде сопственик на шампионскиот појас на ИБФ. Тогаш адвокатите ќе имаат работа и ќе се разменуваат многу пораки. Можам да потврдам и дека победникот од борбата меѓу Хргов

  • Ознаки
  • 80
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON