Боксерскиот промотор Еди Херн откри неколку детали за најавената пресметка меѓу неговата промоција на Мечрум и Квинсбери, која би се одржала подоцна во текот на годината во Саудиска Арабија.
Пред неколку дена беше потврдено дека Еди Херн и Френк Ворен, сопственикот на ривалската промоција, ќе изберат петмина свои борци кои ќе настапат на боксерската манифестација во Ријад.
На почетокот на оваа недела беше одржана прес-конференција на која официјално беше најавена борбата меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану за 8 јануари и на која беше најавен евентуален меч меѓу Мечрум и тимот на Квинсбери.
Херн откри дека неодамна Турки Алалших, главниот човек задолжен за организирање на големи настани во Саудиска Арабија, ја покренал идејата да сака да организира боксерски настан во пет борби меѓу неговата и промоцијата на Ворен.
„Ова се случи последниот пат кога бевме во Ријад, а неговата екселенција ми рече мене и Ворен: „Знаете што сакам да направам? Сакам петте најдобри борци од Мечрум да се борат против петте најдобри боксери од Квинсбери“, рече Еди Херн и продолжи:
„Реков дека тоа е одлична можност за борците, а можност да се освои бонус за тимот. Можете ли да замислите што носи еден ваков настан – тимска борба? Можете да изгубите, а сепак вашиот тим може да победи. Секој борец ќе биде цврсто приврзан за својот тим“!
Промоторот откри уште неколку детали поврзани со можниот спектакл.
„Ќе имаме „реалити шоу“; камерите ќе бидат вклучени во Мечрум и во Квинсбери. Навистина ни се нудат многу различни можности на различни нивоа. Шоуто нека го предводи мечот меѓу Фјури и Џошуа, а почетокот на програмата се отвора со дуелот на Натанијал Колинс против Хопеј Прајс или Шабаз Масуд против Лијам Дејвис. Има многу борби кои можеме да ги направиме заедно“, истакна Еди Херн и заклучи:
„Беше потребно нешто посебно за да ме соберат мене и Френк, но имавме заеднички божиќен ручек и имавме конструктивен разговор. Верувам дека заедно можеме да направиме одлична работа и нека потрае. Се надевам дека доаѓа вистинското време за спортување“.