Половичен успех постигна Ентони Џошуа во 2024 година. Прво, брутално го нокаутира Френсис Нгану, пред да биде поразен од Даниел Дубоа пред преполниот Вембли во меч за титулата на ИБФ во тешка категорија. Тој годинава одржа два големи меча, но на двата не успеа да слави.
Џошуа навистина има уште работа во тешка категорија, а неговиот промотер Еди Херн вчера откри за кои две борби се заинтересирани во претстојната 2025 година. Тоа се борбите кои имаат смисла за него, особено по епилогот од приказната меѓу Усик и Фјури.
„За нас има само две борби кои не интересираат. Реванш против Даниел Дубоа и Тајсон Фјури. Ентони Џошуа сака уште една шанса да стане светски шампион во тешка категорија. Исто така, борбата со Фјури сега е на маса. Можеби нема да биде толку голема како што можеше да биде, но сепак е најголемата борба во боксот“, изјави Херн за ИФЛ ТВ.
„Кажете ми поголема боксерска борба од таа. Едноставно не постои. Џошуа – Фјури моментално е најголемата борба во боксот. Кога ќе се симне прашината, се ќе зависи од мене, Френк и момците. Се сомневам дека Фјури во моментов воопшто размислува за борбата и мечот против Џошуа. Тој е лут, па сега ќе помине малку време со семејството“, додаде тој.
Се надеваме дека овие борби навистина ќе се остварат во 2025 година. Џошуа се уште има шанси да стане шампион на мечот против Дубоа, но и мечот против Фјури е многу примамлив за публиката. Ќе дознаеме што ќе се случи во наредната година.