Еди Херн ги откри своите пет најдобри тешкаши во моментов

Боксерската сцена е многу возбудлива во последно време, особено тешката категорија каде што сме сведоци на фантастични борби.

Пред се треба да се издвои мечот за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Тие се бореа во средината на мај, а украинскиот борец победи со поделена одлука.

Мечот за неприкосновениот шампион во тешка категорија се одржа за прв пат во последните 25 години и по триумфот на Ленокс Луис.

Усик и Фјури ќе се сретнат повторно во реванш на крајот на годината, но сега тоа нема да биде за сите титули.

Имено, Украинецот неодамна го напушти шампионскиот појас на ИБФ, кој сега е во сопственост на Даниел Дубоа.

За две недели Дубоа ќе ја брани титулата на ИБФ на Вембли против Ентони Џошуа, а победникот најверојатно ќе добие шанса да се бори со подобриот од борбата Фјури-Усик.

А промотерот на Џошуа, Еди Херн, ги откри своите пет најдобри тешкаши во моментот.

„Еј Џеј, Усик, Фјури, Паркер и Баколе. Верувам дека Баколе би можел да го победи Паркер“, изјави Еди Херн, додавајќи дека многу би сакал да гледа натпревар меѓу Баколе и Жанг:

„Тоа би бил многу интересен меч, два апсолутни гиганти во рингот. А на тој меч би победил Баколе“.

Мартин Баколе неодамна го победи американскиот надежен боксер Џеред Андерсон и покажа интерес за борба против Жилеј Жанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО