Еди Херн: Фјури ќе се бори со „мртовци“ пред реваншот со Вајлдер

Промоторот Еди Херн предвидува интересен развој на кариерата на Тајсон Фјури. Според него, поранешниот светски шампион внимателно ќе ги избере ривалите пред можниот реванш со Дионтеј Вајлдер. Вториот меч меѓу непоразените ѕвезди ќе им донесе огромни хонорари. Првиот средба заврши драматично нерешено.

„Мислам дека промоторот на Фјури – Боб Арум, ќе притисне за борба со Вајлдер што е можно поскоро, бидејќи не сака да плаќа за ривали како Том Шварц“. Немаше многу ТВ интерес за последниот меч на Фјури, не продадоа и доволно билети. Во секој случај не очекувам Фјури да се бори со некој како Џарел Милер или друг кој има пулс, ако има намера да боксира со Вајлдер догодина“, рече Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО