Еди Херн: Џошуа нема да се бори само со Поветкин, туку и со Путин

Менаџерот на Ентони Џошуа – Еди Херн, изјави дека претстојниот меч со Александар Поветкин во саботата нема да е обична лична борба, бидејќи противникот на Британецот ја има државната поддршка на Русија.

„Тој не го има само својот тим, туку и неговата земја, се осмелувам да кажам дека Владата стои зад него. Сите се вклучени. Тоа е како мисија за нив – да ја порази Велика Британија и Русин да стане светски шампион во тешка категорија. Тој и неговиот тим знаат колку е важно тоа за нив и за целата нација. тоа не е само лична битка, нешто многу поголемо е“, рече Херн.

Вадим Корнилов, менаџерот на Поветкин, од своја страна изјави: “Претседателот (мислејќи на Владимир Путин) уште не присуствувал на меч на Поветкин, но тој дефинитивно е голем спортски фан. Исто така е фан и на Александар и помага со многу работи“.

Сепак, Херн верува дека на Џошуа нема да влијае англиско-руското непријателство.

„Ентони воопшто не обрнува внимание на работите кои се случуваат околу него. Само се концентрира на тренингот на Роб Мек Кререн. Ова ќе биде навистина голема битка, иако луѓето во Велика Британија не ја сфаќаат неговата важност (неодамна Херн објави сите места за мечот не се распродадени). Вообичаената публика не го познава добро Поветкин. Тој не зборува англиски и не можеше да влезе во „закачка“ со Ентони за време на прес-конференцијата“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО