„Еден од водечките узбекистански криминалци“ избран за претседател на АИБА, без гласот на Македонија

АИБА го избра Гафур Рахимов за свој нов привремен претседател.

Властите на САД новиот привремен претседател на чадор-организацијата за олимпискиот бокс го нарекуваат еден од водечките узбекистански криминалци.

Претходниот претседател Чинг Ку Ву поднесе оставка по обвинувањата за финансиски малверзации кои ја доведоа АИБА на работ на банкрот. Меѓународната боксерска федерација позајми 10 милиони долари од азербејџанската компанија Бенконс. Рахимов е клучната личност во договорот со Бенконс.

Досегашниот привремен претседател Франко Фалчинели на вонредниот Конгрес се одржан минатиот викенд во Дубаи си поднесе оставка, а со гласање е одбиено Ву биде именуван за почесен претседател на АИБА.

Фалчинели рече дека Рахимов е „сјаен амбасадор на нашиот спорт и ќе ја води АИБА во правец со која ќе ја поврати славата“.

Рахимов досега беше најдолговечниот потпретседател на Меѓународната боксерска федерација.

Министерството за финансии на САД верува дека има врска со големата меѓународна криминална организација „Крадци по закон“.

Со одлука на Министерството за финансии од минатиот месец на американските граѓани е забрането да вршат финансиски или коибило други трансакции со лица кои официјално биле во врска со организираниот криминал.

„Гафур Рахимов е означен како човек кој обезбедува материјална поддршка на Кардците по закон. Рахимов соработувал со Крадците по закон во работата, но им доставувал и информации, им организирал деловни состаноци. Забележано е дека рахимов од киднапирања и кражба на автомобили станал еден од водечките криминалци во Узбекистан и станаа важна личност во трговијата со хероин“, се вели во официјалното соопштение.

Министерството за финансии ги замрзна средствата на Рахимов во Америка.

Меѓународниот олимписки комитет веднаш се огласи и изрази „екстремна загриженост“ за новото раководство на АИБА.

МОК ќе одлучи за следните чекори на состанокот во Јужна Кореја следниот викенд.

Рахимов има престојувалиште во Дубаи, каде и што беше одржан Конгресот.

Рахимов е зибран за привремен претседател без гласот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), затоа што претседателот Игор Златков не доби покана и покрај уплатената чланарина во АИБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО