Ѕвездата во тешка категорија Ентони Џошуа успешно го помина тестот за коронавирус пред да влезе во балонот за мечот со Кубрат Пулев. Мечот е на 12 декември, а Британецот призна дека е подготвен за „експлозивна“ средба со противникот.
„Моето тело е само сад што го носи мојот мозок, па затоа го тренирам мозокот повеќе од телото. Подготвен сум за војна, подготвен сум за битка. Ќе дојде време кога ќе влеземе во војна. Се радувам на овој датум. Тоа е привилегија. да се натпреваруваш“, изјави Џошуа за „Скај спорт“.
Британецот ја коментираше и невообичаената ситуација во која ќе боксира, имено – пред 1000 луѓе.
„оа е надвор од моја контрола, затоа треба да го сфатам нормално. Ми се допаѓа, ќе биде интимно. Убаво е за навивачите. Тоа е нешто посебно – да гледате борба за титула во тешка категорија меѓу 1.000 луѓе, кога обично има десетици илјади луѓе“, забележа боксерот.