Британскиот боксер Ентони Џошуа, повеќекратен шампион во тешка категорија, го спореди својот тренер Роб Мекракен со Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед.
Големиот борец соработуваше со Мекракен многу години, а ваквите комплименти говорат за неговата почит и љубов кон него, потенцирајќи дека Роб е боксерскиот Фергусон.
„За мене, тој е сер Алекс Фергусон. Одличен менаџер, одличен тренер, човек со големо искуство. Со него го освоив целиот свет “, истакна 31-годишникот од Ватфорд.
Во меѓувреме, Џошуа соработува со Џоби Клејтон и Анхел Фернандез, но Мекрекен и понатаму има клучна улога во неговата кариера.