Џошуа се заканува: Ќе има борба, а на Фјури ќе му ја скинам главата

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се во активни преговори за две борби во 2021 година, како што велат од нивните табори останале ситници за решавање, а тоа ќе значи по многу години пак ќе има меч за апсолутен светски шампион.

Борбите може да донесат заработка од над 500 милиони фунти.

„Ако се бориме, што сум убеден, тоа ќе биде еден од најважните настани во земјата, по Светското првенство на ФИФА во 1966 година (Англија тогаш стана светски првак, успех кој не го повтори до ден-денес-н.з.). Јас сум сериозен, но борбата ќе биде официјална кога ќе ја слушнете од мојата уста. Сакам да му ја откинам главата во рингот. Сигурен сум дека ќе победам“, рече Џошуа за „Гардијан“.

Секој сака еден од овие боксери да стане апсолутен светски шампион. Преговорите за борбата се веќе во тек, а промоторите Еди Херн и Боб Арум се уверени дека наскоро ќе биде постигнат договор за двете борби во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО