Британскиот професионален боксер во тешка категорија Ентони Џошуа уверува дека ќе се погрижи да го нокаутира поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану, во нивниот меч во петок во Саудиска Арабија.
Џошуа, кој ги загуби светските титули во ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО од Украинецот Александар Усик во 2021 година, ги доби последните три борби. 34-годишниот боксер се обидува да си ја врати позицијата како главен конкурент во дивизијата.
„Верувам дека можам да го нокаутирам“, изјави Ентони Џошуа за Скај спорт.
„Дефинитивно. Би сакал да го нокаутирам и на тој начин да направам големо барање. Физички се чувствувам добро и силно. Доволно силен за да ја завршам работата и ментално сум таму каде што треба да бидам. Со нетрпение го очекувам предизвикот“, додаде Џошуа.
Нгану (37) го напушти УФЦ по спорот за договор со менаџерска компанија во јануари минатата година. Своето деби во професионалниот бокс го имаше во октомври против Тајсон Фјури, губејќи со едногласна одлука.