Џошуа се уште е лут заради поразот против Усик: Тренинзите ми помагаат да ја исфрлам негативноста од мене

Ентони Џошуа се уште е лут на себе за поразот од Александр Усик. Британскиот боксер на крајот на септември ги загуби титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО пред своите навивачи во Лондон, како и можноста да се бори против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, за обединување на титулите.

Украинецот со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа, кој би требало да добие реванш следната година.

„Знам дека можам да бидам подобар отколку што бев таа вечер. Се разбира, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Но, во срцето и телото чувствувам дека можам да понудам многу повеќе – вели Ентони Џошуа и продолжува:

„Многу сум лут на себе и таа горчина секојдневно расте во мене. Но, тоа ми дава сила и волја постојано да тренирам“.

Поранешниот шампион верува дека има уште поголема поддршка од своите навивачи.

„Луѓето се уште ме гледаат како шампион, иако веќе немам појаси. Знаат дека имам капацитет повторно да станам шампион“ – додаде Џошуа.

Во слична ситуација беше и во 2019 година кога загуби од Енди Руиз, а потоа во реваншот го победи Мексиканецот. Сакаше да си ги врати појасите и ангажираше нови тренери кои пристигнаа од САД.

„Требаше да сменам нешто, ако секогаш го правиш истото, тогаш резултатите се секогаш исти. Морам да преземам одговорност“ – изјави Ентони Џошуа и заклучи:

„Се уште сум лут на себе. И тоа можам да го поправам само ако сум подобар. Но, сè уште правам сè со насмевка на лицето, но во мене се уште се готви. Единствениот начин да се ослободите од негативата е да тренирате и да имате добри натпревари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON