Џошуа сака да го замени Меси во Барселона

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО Ентони Џошуа и даде интересна понуда на Барселона. Британецот на социјалните мрежи напиша дека е подготвен да го замени Лионел Меси во тимот, доколку Аргентинецот на крајот ги напушти Каталонците.

Еј Џеј го даде предлог во фон на видеото во кое жонглира со топката, дури покажува и неколку одлични техники.

„Барселона, ако Меси си замине, јас сум подготвен! Боксот не е полесен спорт“, напиша Џошуа.

Светскиот шампион објави и уште едно видео во кое гледа фудбалски гол во ТВ-емисија. Под видеото напиша дека може да го замени дури и чуварот на Барса Марк, Андре Тер Штеген.

http://ag-8888.cn/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО