Џошуа: Пулев е итар противник

Ентони Џошуа ќе ја брани титулата во тешка категорија викендов, на 12 декември во Лондон. Предизвикувач за шампионското место е бугарскиот боксер Кубрат Пулев. Тие ќе се борат во „О2 арената“ со присуство на 1.000 гледачи.

Пулев е задолжителен предизвикувач за титулата на ИБФ, при што, скоро три години, чекаше шанса да се бори со Џошуа, а нивната борба беше одложена неколку пати од различни причини – од повреда на Бугаринот  до глобалната пандемија на коронавирусот.

Џошуа излегува подготвен во оваа битка и знае дека тоа нема да биде лесна борба.

„Пулев е лукав противник. Борбата нема да биде лесна, тој има дебела кожа”, рече Џошуа.

„Сега сум на ниво каде што не можам да одам во лесни битки. Треба да се навикнам на тешките удари. Ова не е средбата што ја сакам. Ако беше до мене, повеќе би се загревал со полесен противник, затоа што не се натпреварував една година.

Трикот е да останете ладнокрвен кога сте под неверојатен притисок. Кога срцевиот ритам ќе достигне 180 отчукувања во минута поради стрес, треба да можам да останам ладнокрвен“.

Поради ограничувањата, Еди Херн, сепак, успеа да има гледачи во живо во салата. Иако само 1.000, Џошуа вети дека ќе им направи спектакл.

„Се надевам дека битката ќе ги исполни очекувањата. Се надевам дека ќе победам, затоа што сакам да им приредам на овие 1.000 гледачи една вечер на која ќе се сеќаваат”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО