Џошуа откри кога може да има меч со Фјури (ВИДЕО)

Ентони Џошуа, кој е светски шампион на ВБА (Супер), ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, изјави дека судир со Тајсон Фјури треба да има и ќе се случи. Англискиот боксер додаде дека голем дел од вината за неодржувањето на мечот во моментот е во тимот на „Кралот на Ромите“.

„За жал, тимот на Фјури го разочара целиот боксерски свет. Сепак, ќе бидам тука, сè уште сум подготвен да направам шоу. Би можел да се соочам со Фјури на крајот на годината. Прво да го поминам Усик. Но, со или без Усик во мојот живот, ќе се борам против Фјури. Со Усик не започнува или не завршува се. Усик не ја дефинира битката со Фјури.

Борбата со Фјури треба да се случи. Ова е голема борба, поголема од боксот, поважна од појасите. Ќе се случи. По битката со Усик, откако ќе ги одбранам појасите. Битката ќе биде поголема, подобра отколку што може да биде“, изјави шампионот за Скај спорт.

Ентони Џошуа ќе ја брани титулата против Александар Усик. Средбат ќе се одржи на 25 септември, а тоа е судир меѓу олимписки шампиони. Мечот најверојатно ќе се одржи на стадионот на ФК Тотенхем.

Тајсон Фјури ќе се соочи со Дионтеј Вајлдер во третиот меч меѓу нив. Средбата ќе се одржи на 24 јули во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, Невада.

Потсетуваме, Вајлдер ја загуби светската титула во вториот меч со Тајсон Фјури, кој се одржа на 22 февруари 2020 година. Првиот меч не даде победник и заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON