Дејан Георгиевски го оствари сонот, се подготвува во Охрид за да испише историја во Токио

Олимпиецот Дејан Георгиевски со тимот од таеквондо репрезентацијата е на завршни подготовки за Олмписките игри во Токио.

„Еден месец до олимписките игри во Токио, еден месец до остварувањето на нашиот сон, сонот на секој врвен спортист“, вели тренерот Дарко Костовски и додава:

„Последна дестинација на подготовките ни е бисерниот Охрид, се тече во најдобар ред, олимпиецот и знаменосец на македонскиот олимписки тим Дејан Георгиевски се чуствува одлично и тоа е најважно од се“!

Тој изразува голема благодарност за огромната поддршка која пристигнува од сите страни и до сите чинители кои се дел од олимписката приказна.

„На 30 јуни си доаѓаме во Бутел. Ќе имаме уште неколку контролни спаринзи, следува активен одмор и со Господ напред на 15 јули летаме во „Земјата на самураите“ (совршени воини кои не знаеле за страв), ќе се обидеме јапонците да ги запознаеме со уште една борбена нација, борбен македонски дух кој многу често не знаел за назад!“, истакнува Костовски.

Во тимот за подготовки се вклучени и повеќе репрезентативци со кои Георгиевски ќе ги тренира замислените тактички планови на селекторот Борче Костовски, како и спаринг борби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО