Шампионот во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа е подготвен да се соочи со Тајсон Фјури. Тие потпишаа договор за две битки во 2021 година. Оваа година би можело да има битка меѓу нив, но двајцата треба да ги бранат титулите против предизвикувачите. Фјури треба да има реванш со Дионтеј Вајлдер.
Џошуа пак ќе ги заложи своите титули против Кубрат Пулев. 30-годишниот шампион неодамна даде интервју и рече дека сака да му ја скрши главата на Тајсон Фјури.
„Многу го почитувам Тајсон Фјури. Тој е добар семеен човек и добар боксер, но, од друга страна, сакам да му ја скршам главата. Верувам дека ќе се справам со него во првите шест рунди.
Знам дека ќе се справам со него. Посвеж сум и кариерата не ми е долга. Можам да се справам со напнатоста и да ја победам. Да, тој се справи со Вајлдер, но јас сум побрз од него и верувам дека сум подобар“, му порача Џошуа на Фјури.
https://www.instagram.com/p/CEZ3deiAz9y/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again