Џошуа: Ако ми кажете да се борам со Кинг Конг – ќе се испробам и со него

Светскиот шампион на четири од петте организации во тешка категорија, Ентони Џошуа, покажа смиреност. Оваа сабота (25 септември) Британецот ќе ги брани појасите – на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Негов противник е Александар Усик од Украина.

„Ова се најдобрите денови во мојот живот“, рече Џошуа за време на официјалната прес -конференција пред мечот во Лондон и додаде: „Сакам да се борам и не сум лесна борба за никого. Ако ми кажете да се борам со Кинг Конг, ќе се испробам и со него“.

Тренерот на кралот во тешка категорија Роб Мекрекен исто така потврди дека се подготвени да прифатат борба со секого.

„Ентони ќе се бори со секого, како и секогаш“, рече Мекрекен.

Во врска со неговиот претстоен ривал, Александар Усик, Џошуа рече: „Не сум бил на аматерска сцена доволно долго за да го знам Александар. Но, гледам многу бокс и боксерски мечеви и навистина го сакам украинскиот стил и украинскиот народ воопшто. Го запознав Владимир Кличко, кој беше феноменален шампион“.

Светскиот шампион во тешка категорија се обиде да го потврди своето мислење дека е исклучително вреден и им вети на медиумите: „Уште во понеделник вторник ќе се вратам во салата да тренирам“.

Еј Џеј беше категоричен дека е смирен и дека нема да прави драми дури и во пораз:

„Мило ми е што се вратив во рингот. Многу сум возбуден за оваа битка. Сакам да тренирам, да се развивам, да се усовршувам … Кога започнав да тренирам бокс тоа беше затоа што сакав да се забавувам. Но, сакам предизвици и тренирам да се вратам. Дури и да загубам, ќе се вратам. Ова ми дава мотивација за тренинг. Кампот трае долго време, но го правиме забавно затоа што се обидуваме да внесеме нови работи и да се подобриме. Јас сум смирен. Се надевам дека во сабота сите ќе се забавувате, но за мене тоа е само уште еден ден од кампот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО