Една од ѕвездите на УФЦ во перолесна категорија, Џош Емет, скокнa од мост по поразот од Јаир Родригез. На своите следбеници на социјалните мрежи им покажа дури и видео.
Спортистот максимално ја искористи посетата на Австралија со тоа што се упати кон Нов Зеланд за да ја доживее возбудата од банџи скокањето над водите на реката Каварау.
Дестинацијата е исклучително популарна затоа што нуди не само возбуда од слободниот пад, туку го комбинира и уникатниот поглед на една од најубавите точки на јужната хемисфера.
Thrill Seeking! 😳 pic.twitter.com/8czDNsAhyW
— JOSH EMMETT (@JoshEmmettUFC) February 21, 2023