Тешкашот Џорџис Дано (37 год.) го нокутира Јорган де Кастро на УФЦ Вегас 23, што се одржува во Лас Вегас.
На почетокот на сребата, Дано удираше со нога, а Кастро не беше во можност да го најде својот ритам. Дано зададе удар со колено, а Кастро се врати со лев удар. Јорган почна да влегува во борбата, но налета на еден монструозен удар од десницата на Дано и падна како покосен.
Битката заврши за 3 минути и 2 секунди. Одлично враќање на Дано, кој не се бореше од 2016 година. Кастро губи по трет пат и најверојатно ќе биде ослободен од УФЦ.