Австралискиот боксер Џорџ Камбосос Јуниор (20-1, 10 КО) загуби со едногласна одлука пред десет дена на стадионот Марвел во Мелбурн пред повеќе од 40.000 гледачи против Американецот Девин Хени (28-0, 15 КО).
Во пресрет на мечот за апсолутниот шампион во лесна категорија, потпишан е договор со кој Австралиецот има право да ја активира клаузулата и да бара реванш.
Камбосос деновиве го повлече потегот и повика на борба против Хени, кој сега ги поседува шампионските појаси на ВБЦ, ВБО, ВБА и ИБФ.
„Да, реваншот ќе се случи сто проценти. Ја активирав клаузулата за реваншот“, потврди австралискиот боксер.
Реваншот најверојатно ќе се одржи повторно во Австралија, а потенцијални градови домаќини би можеле да бидат Мелбурн, Сиднеј или Бризбејн.
Непоразениот Американец Хени беше шампион на ВБЦ пред да го победи Камбосос и стана првиот апсолутен шампион во лесна категорија по 32 години.
„Знам дека можам да победам во реваншот“, изјави Џорџ Камбосос и додаде:
„Ќе направам некои промени и сега ќе добијам уште една шанса да покажам колку сум одличен. Ги сакам тие појаси назад, тоа е мојата судбина. Малкумина австралиски боксери можат да се пофалат со три борби за светската титула по ред“.