Боксерскиот меч меѓу легендарниот Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол е одложен за 15 ноември, но поранешната ѕвезда на Дизни следниот месец сепак ќе се натпреварува против борецот на БКФЦ, Мајк Пери.
Повеќето фанови на борбата здивнаа кога пристигна веста за откажувањето на борбата Тајсон-Пол, бидејќи многумина сметаа дека борбата нема апсолутно никаква смисла.
А легендарниот ММА борец Деметриус Џонсон јавно изјави дека овој натпревар е најглупавата работа што може да се приреди во светот на боречките спортови.
А како главна причина ја посочи големата разлика во години. Имено, Тајсон ќе биде дури 31 година постар од Пол во моментот кога би можел да се одржи мечот.
„Мајк наскоро ќе наполни 58 години (30.06.- з.a.) и не ја знам неговата здравствена состојба. И најлошото е што некој на таа возраст се обидува да го турне своето тело надвор од границата. Не знам дали воопшто може да спари. Го сакам Џејк Пол, но има многу други борци против кои може да изгради приказна. Разбирам кој е Мајк Тајсон, но мислам дека треба да го остават тоа“, – рече Деметриус Џонсон и додаде:
„Има толку многу помлади од Мајк Тајсон кои се големи имиња. Џејк може да ги победи. А Тајсон ќе има 58 години и не сакам да го видам повреден. Тој натпревар е најглупавата работа што може да се договори во моментов. Не можеш да ми кажеш дека нема некој што сака да се бори со Џејк Пол“?