Џон Рајдер е на пат да зачекори во најголемата борба во неговата кариера кога викендов ќе се соочи со Сoл Алварез за неговaтa титула во супер средна категорија. Многумина ги критикуваа организаторите дека му дале незаслужена шанса на Британецот, но тој е категоричен дека си го заслужил правото да се бори со еден од најдобрите боксери во историјата.
„Ова е прекрасна можност што никој не ми ја даде. Работев напорно низ годините. Имав подеми и падови откако го допрев дното“, изјави Горила за Бокс сцена.
Рајдер е задолжителен предизвикувач на ВБО откако го нокаутира Зак Паркер во ноември во 4 рунди, но неговиот пораз од Калум Смит во 2019 година е премногу свеж за многумина да го игнорираат.
Канело, пак, се движеше по категориите со надеж дека ќе се сретне со достоен противник, а досега најдобар противник е Дмитри Бивол во полутешка категорија. Се очекува до крајот на годината двајцата да договорат реванш, а Мексиканецот на 6 мај да го победи Рајдер.