Џон Рајдер го победи поранешниот светски првак Даниел Џејкобс

На боксерскиот настан во Александра палас во Лондон, домашниот боксер Џон Рајдер (31-5) го победи Американецот Даниел Џејкобс (37-4) со поделена одлука на судиите.

Американскиот боксер пред мечот беше фаворит кај букмејкерите, но во неизвесната борба поуспешен беше Англичанецот, двајца судии му дадоа предност (115-113), додека третиот го постигна истиот резултат во корист на Даниел.

Џејкобс беше за нијанса подобар во првиот дел , додека Рајдер потоа ја презеде иницијативата и трпеливо го градеше патот до победата. Англичанецот го засили темпото и дојде до пресврт.

Со оваа победа Џон Рајдер обезбеди меч против Дејвид Морел, кој моментално го носи појасот ВБА (Регуларен) во суперсредна категорија.

Ова е трета победа во низа за Англичанецот.

За Даниел Џејкобс тоа беше прв меч од ноември 2020 година кога го победи сонародникот Габриел Росада.

Американецот загуби во мај 2019 година од Канело Алварез и остана без титулите на ВБА (Супер) и ВБЦ. Со поразот на Рајдер се оддалечи од нападот на појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON