Џон Џонс се сретна со Мајк Тајсон

Две легенди на боречките спортови се сретнаа за време на ПФЛ-Белатор Шампиони во Ријад, Саудиска Арабија.

Џон Џонс, шампионот на УФЦ во тешка категорија, се сретна со боксерската легенда Мајк Тајсон. Минатиот викенд, настанот ПФЛ-Белатор се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. ПФЛ ги покани иконите на боречките спортови Џон Џонс и Мајк Тајсон на настанот. Актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија се појави во Ријад како гостин на организацијата.

Двајцата имаа можност да разговараат и да се сретнат лице в лице. „Железниот“ на социјалните мрежи сподели фотографија со „Коски“.

„Секогаш ми е чест да бидам во твое присуство Мајк!“, напиша Џонс на социјалните мрежи.

36-годишниот Џонс (27-1, 1 НЦ ММА) се уште заздравува од неодамнешните операции. Шампионот на УФЦ во тешка категорија мораше да оди на операција поради скинат пекторален мускул и рамо. Во неговата последна борба победи против Сирил Гане на УФЦ 285 во март 2023 година. Во таа борба Џонс ја освои слободната титула во тешка категорија.

Подоцна требаше да се соочи со Стипе Миочиќ, но се повлече поради повреда. Не се знае кога ќе се врати во октагонот на УФЦ, но тоа најверојатно ќе се случи во втората половина на 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON