Легендата во полутешка категорија Џон Џонс се откажа од титулата.
Шампионот во полутешка категорија сериозно е навреден од УФЦ, бидејќи не сакаат му платат за голема борба со Френсис Нгану, а потоа беше обвинет дека побарал 30 милиони долари. Џонс тврди дека никогаш не сакал толку пари, но Дана Вајт продолжи со спротивни тврдења. Вчера во интервју за медиумите, Вајт тврдеше дека Џонс сакал премногу пари, а сега поранешниот шампион беше бесен затоа што, според него, Вајт не престанува да лаже.
Очигледно, Џон одлучи да одговори на лагите на неговиот шеф и на социјалните мрежи објави дека ја ослободува титулата и му понуди на Блахович да се бори за неа со Рејес. Џонс планира оваа година да остане неактивен, а во 2021 година е подготвен да се бори против Адесања, но ако се подготвени да платат.
„Дана, ги кажуваш сите тие големи работи и тврдиш дека не ти е гајле, ако е така, тогаш ослободи ме. Веројатно ќе заработам повеќе пари од еден меч во боксот отколку во три борби во УФЦ. Доминик Рејес и Јан Блахович нека се борат за титулата. Во моментов немам што да искористам од битката против нив. Известете ме за датум во 2021 година за битка со Израел Адесања.
Се надевам дека тогаш ќе сакаш да платиш. Се откажувам од титулата. „Коски“ е аут, кога ме видиаш на улица обрати ми се само со име. Дојдов, видов и победив во полутешка категорија. Секогаш се повредувам кога ќе излезам во кафезот и ме удираат во главата. Веќе не чувствувам дека платќањето е вредно“, напиша Џонс.
https://www.instagram.com/p/CA3g1rJJfma/?utm_source=ig_embed