Џон Џонс повторно е најдобaр во светот

Џон Џонс повторно е најдобриот ММА борец во светот.

Легендарниот борец ја освои титулата во тешка категорија откако го прегази Сирил Ганe. Тоа се случи минатиот викенд на УФЦ 285 во Лас Вегас. Џонс за две минути го заврши со гилотина Гане и го грабна појасот. Рангирањето на УФЦ сега е ажурирано, а Џонс скокна за 9 места и сега е број 1 на рангирањето, без разлика на тежинската категорија.

„Коски“ ја забележаа својата 15-та борба за појаса на УФЦ. Тој стана 8-ми борец во историјата на УФЦ кој ја освоил титулата во 2 различни дивизии. Со оваа победа Џонс сега има скор од 27-1-1 во ММА и е во победничка серија од 18 борби.

Џон го симна Александар Волкановски од челната позиција во рангирањето. Тој сега ќе почне да се подготвува за одбрана на титулата, која е закажана за налето во Лас Вегас. Противник ќе му биде Стипе Миочиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО