Џон Џонс по средбата со Френсис Нгану: Јас сум поопасен борец од него

По главната борба на неодамнешниот ПФЛ настан во Атланта, во која Хрватот Анте Делија го победи Морис Грин, до октагонот се сретнаа поранешниот и актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија.

Френсис Нгану и Џон Џонс пријателски се поздравија и разменија неколку реченици и изразија меѓусебно почитување.

По таа средба, Буонс изјавил дека тој е поопасниот борец.

„Го познавам Френсис од порано, тој е душа од човек. Кога не се бори, секогаш ќе покажува почит. Ме радуваше што го видов и што можев да ги допрам неговите мускули. Нема причина за тензии меѓу нас, иако никогаш не се караме. Прекрасно е кога можеме да се сретнеме вака, фановите се возбудени, а ние остануваме браќа“, изјави Џон Џонс и додаде:

„Но, јас сум поопасен борец од него, па нема потреба да го гледам на посебен начин. Има големи мускули, силен е и импресивно граден. А кога зборуваме за борба, цел свет знае за мене и каков борец сум“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО