Џаред Канониер не сака да се бори со Хамзат Чимаев

Главниот настан на УФЦ на ЕСПН 47 во Лас Вегас понуди интересен судир во средна категорија меѓу Џаред Канониер и Марвин Ветори.

Американскиот борец доминираше против Италијанецот и убедливо ја извојува 17-та победа во кариерата.

По мечот Канониер побара уште една шанса да се бори со Израел Адесања за шампионскиот појас на УФЦ.

Тој изјави и дека во моментов не сака да се бори со Хамзат Чимаев, би прифатил борба против шведско-чеченскиот борец доколку тоа е меч за титула.

„Сакам да ја освојам титулата, а не само да ги забавувам навивачите. Секако дека би бил добар меч против Чимаев, но засега би било едно ако се борам за појасот. Го победив третиот предизвикувач и не сакам да гледам назад. Моите очи се насочени кон шампионот“, изјави Џаред Канониер и додаде:

„Може ли борбата против Чимаев да ми ја донесе титулата? Па, тој не е ни рангиран во средна категорија. Знам дека е многу популарен и сите сакаат да го гледаат. Ако ми се јават и ми понудат борба за титула против Чимаев, веднаш би прифатил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО