Пред неколку дена Хамзат Чимаев даде интервју и рече дека е подготвен да се бори со Џон Џонс.
Борецот од Чеченија изјави дека Џонс е најдобар и тоа го мотивирало да се натпреварува. Проблемот ќе биде што тие двајца се борат во различни категории. Чимаев се бори во полусредна и средна категорија. Џонс се бори во полутешка и тешка категорија.
До денес, „Коски“ е шампион на УФЦ во тешка категорија. Тој се опоравува од две операции и планира да се бори со Стипе Миочиќ. Чимаев чека шанса за титулата во средна категорија. Сè уште е далеку од врвот во УФЦ, но се здоби со прилично голема популарност.
Џонс не бил задоволен од изјавата на Чеченецот и го повика да престане да одговара на прашањата за борбата меѓу нив.
„Хамзат Чимаев, престани. Не дозволувај да ти поставуваат такви прашања“, напиша Џонс на социјалните мрежи.
Извесно е дека таква битка никогаш нема да се случи. За жал, често новинарите прашуваат за борби кои немаат многу смисла, а така започнува серија вести за бопрби кои никогаш нема да се случат.
Џонс речиси сигурно ќе се пензионира оваа година, а Чимаев не стигна ниту до појаост на УФЦ.