Џон Џонс наздрави со Алекс Волкановски (ВИДЕО)

Џон Џонс со голем стил прослави уште една чест во својата историска кариера.

ЕСПН неодамна го прогласи Џонс за борец на годината за 2023 година. Тој ја доби својата награда, за која беше во конкуренција со Ислам Махачев, Аманда Нунеш и Леон Едвардс. Во март годинава Џонс забележа импресивна победа над Сирил Гане за 2 минути. Оваа победа му ја донесе титулата во тешка категорија.

Џонс беше очигледно задоволен од уште една награда која ја прослави со малку алкохол. На забавата Џонс беше виден со уште двајца шампиони на УФЦ. Александар Волкановски и Леон Едвардс се сретнаа со Џонс и му честитаа. Џон наздрави со Волкановски, со кого го делат првото место во поредокот, без разлика на категоријата.

„Коски“ ќе ја брани титулата во тешка категорија против Миочиќ на главниот настан на УФЦ 295. Борбата ќе се одржи на 11 ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк. Ова најверојатно ќе биде последната борба на Џонс во ММА.

Видео од средбата меѓу Волкановски, Џонс и Едвардс:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Vardjan (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON